Љубов и Секс

Три јасни знаци дека имате одличен сексуален однос: Тестот е краток – проверете сами

Три јасни знаци дека имате одличен сексуален однос: Тестот е краток – проверете сами

Доколку ги исполнувате сите овие критериуми, тоа значи дека одговорот на почетното прашање е – „совршен“.

Дали некогаш сте се запрашале каков е вашиот сексуален живот? Доколку одговорот е не, тогаш време е да проверите. Експертите велат дека квалитетен сексуален однос подразбира следно:

За време на сексот не мислите како изгледате

Експертите велат дека идеален секс значи максимално препуштање на страстите и емоциите, а во интимните моменти, доколку сè е како што треба, не треба да мислите како изгледате.

На партнерот може да му ги кажете сите ваши сексуални потреби

Вториот важен критериум е целосна отвореност во комуникацијата меѓу партнерите. Само со личност на која што пред сексуалниот однос може да ѝ ги кажете вашите желби, но и за време на сексуалниот однос да ѝ давате упатства, може да доживеете совршено искуство.

Се смеете по сексуалниот односСексот го зголемува лачењето на хормонот на среќа и задоволство. Доколку по интимниот чин се смеете затоа што добро се чувствувате, тоа значи дека во вашиот кревет немате никакви проблеми.

Доколку ги исполнувате сите овие критериуми, тоа значи дека одговорот на прашањето е – „совршен“. Со оглед на тоа што експертите за совршен сексуален однос сметаат и емотивност и поврзаност на партнерите, тестот покажува дека вие имате одлична врска.

Извор: точка.мк