Љубов и Секс

Три хороскопски знаци кои секогаш се враќаат на поранешните партнери

Три хороскопски знаци кои секогаш се враќаат на поранешните партнери

Овен
Ако некој сака да си игра топло-ладно во врската, тогаш нека се обиде да излегува со Овен. Доколку Овнот смета дека треба да стави крај на врската ќе го направи тоа без да се двоуми многу. Но проблемот е што може да се предомислат многу брзо. Кога ќе ги согледаат добрите и лошите страни на партнерот и кога ќе сфатат дека се вљубени до уши веднаш ќе го побараат поранешниот партнер со надеж дека ќе се смират.

Нивното расположение постојано се менува, а тоа може да ги доведе во непријатна ситуација. Со оглед на тоа дека со нив владее Марс кој го контролира физичкиот нагон, може да станат робови на сопствените страсти.

Близнаци
Близнаците простуваат многу брзо и лесно, за нив раскинувањето е момент на слабост. Овој хороскопски знак нема да ги избрише фотографиите по раскинувањето. Сакаат да се смират со поранешниот/та партнер/ка бидејќи сметаат дека може да се смени на подобро. Секогаш се подготвени на компромис и разговор.

Вага
Воздушниот знак кој важи за најнеодлучен во зодијакот – секогаш се враќа на поранешниот партнер. Познати се како кавгаџии, но всушност се многу емотивни. Кога ќе размислат зошто раскинале, подготвени се да дадат втора шанса на врската.

Вагите не можат да поднесат да бидат сами. Врските им се симбол на припадност, поддршка и среќа. Тие најчесто завршуваат во токсични врски бидејќи не сакаат да се сами.