Љубов и Секс

Три фрази кои најчесто ги користат мажите што манипулираат со вас

Три фрази кои најчесто ги користат мажите што манипулираат со вас

Некогаш не сме ниту свесни дека мажите со жените играат некаква игра, поради тоа што користат некои фрази кои што се вообичаени за манипулаторите.

Некогаш не сме свесни дека мажите го прават тоа, но ова се одлични показатели за да ја утврдите вистината:

„Тоа е приближно сè…“

Зборот приближно јасно дава до знаење дека личноста не ви кажала сè, туку „отприлика сè“. Мажите често ја користат оваа фраза затоа што со неа се обидуваат да ги премолчат некои од деталите. Доколку навреме ја препознаете оваа фаза, ќе знаете да изреагирате на адекватен начин.

„Нема докази за тоа“

Наместо да се фокусира на тоа што е вистина, а што не, тој секогаш ќе дава двосмислени одговори, без конкретни докази за неговите намери. Со тоа го покажува својот однос кон вистината, а вас ви зборува многу работи за себе како потенцијален партнер.

„Навистина мислиш дека би го направил тоа?“

Секоја жена која што го уловила партнерот во лага барем еднаш ја слушнала оваа фраза. Одговорот на прашањето поставува ново прашање и најчесто е показател дека личноста нешто премолчува.

Ова се едноставни фрази кои што докажуваат дека еден маж манипулира со вас!

извор:каримин/точка.ком.мк