Љубов и Секс

Тоа што прво ќе го забележите на фотографијата ги открива вашите најголеми слабости во љубовта

Тоа што прво ќе го забележите на фотографијата ги открива вашите најголеми слабости во љубовта

Понекогаш замижуваме пред нашите слаби страни, а тоа ни предизвикува болка во срцето и душата. Упорно се вртиме во круг, губејќи ја перспективата на она што е правилно, а што погрешно.

Овој брз и едноставен тест ќе ви открие каде грешите. Добро погледнете ја сликата и откријте ги вашите најголеми слабости кога станува збор за изборите кои ги правите во љубовта:

Што видовте прво?

Лицето на човекот
Вашата најголема слабост кога се вљубувате во некого е фактот што упорно со себе си го носите емоционалниот багаж од минатото.

Нормално, сите имаме емоционален товар кој го носиме со себе од претходните љубовни искуства и сосема логично е дека се плашите да не ви го скршат повторно срцето. Ова потврдува дека не се брзате да влетате во нова врска, поради стравот дека ќе доживеете дежа ву со лошото искуство од минатото.

Но, мора да бидете свесни дека доколку никогаш не ризикувате, шансите да пронајдете вистинска и квалитетна љубов се намалуваат. Мора да се движите согласно темпото кое ви одговара, но понекогаш и да преземете ризик.

Во потрага сте по добар и чувствителен партнер, вреден за вашата љубов, кој ќе ја сфати вашата болка од минатото, но и потребата да бидете сакани и заштитени.

Птицата што држи гранка во клунот
Вашата најголема слабост кога избирате партнер е тајната потреба да се грижите за некого. Вие имате вродено чувство да чувате, да негувате и да се грижите.

Ништо не прави да се чувствувате толку добро како можноста да го направите вашиот партнер посреќен и да му го подобрите животот на каков било начин.

Тоа е донекаде добра особина. Но, немојте да дозволите да се вљубите во некој чиј живот е целосно хаотичен и не знае во кој правец оди. Нема потреба да се посветите некому со цел да го доведете неговиот живот во ред, додека вашиот е на работ на колапс.

Сирената на карпата
Вие сте убедени дека секогаш ве чека некој (или нешто) подобро веднаш зад аголот. Тоа е вашата најслаба точка кога станува збор за љубовта.

Идеалист сте за сè во животот, а љубовта не е никаков исклучок. Да, партнерот со кого сте во врска е прекрасен, но сигурно постои и некој подобар од него, нели?

Не дозволувајте ваквите недоумици да ви го упропастат она што трпеливо сте го граделе. Тревата не е секогаш поубава и позелена кај соседот. Реално проценете ја личноста којашто сте ја одбрале и решете кога ќе ѝ ставите точка на потрагата.

Бисерот во школката
Вие сте премногу сконцентрирани на материјалните нешта на кои им давате предност пред љубовта кога избирате партнер. Тоа е убедливо вашата најголема слабост.

Иако не сте целосно површни, тоа не значи дека не сакате скапи, фини и луксузни предмети и задоволства. Одвреме-навреме може да имате врска со некој што навистина ви се допаѓа, но доколку неговата финансиска ситуација е неповолна, никогаш нема да се појавите со него во јавност.

Добро е да имате одредени стандарди и да знаете што сакате, но обидете се да не им придавате премногу значење на финансиите и материјалните нешта, бидејќи вистинската љубов може да ве одмине, само затоа што сте биле заслепени од нешто друго.