Љубов и Секс

Супер оргазми навистина постојат: Еве што да направите!

Супер оргазми навистина постојат: Еве што да направите!

Супер оргазми кои досега се сметаа за урбан мит може да се дефинираат како искуство на доживување на 100 оргазми во исто време. Знаеме дека звучи неверојатно, но супер оргазам навистина може да се објасни како оргазмична ерупција. Благодарение на неодамна започнатите научни истражувања, гласините за нив повторно почнаа да се слушаат сè погласно и погласно.

Научниците на „Канал 4“ во документарниот филм „Супер оргазам“ ја снимаат активноста на женскиот мозок во моменти кога тие се опасно близу до оргазмот, сè со цел да откријат дали сите жени имаат можност да доживеат повеќекратни оргазми. Нивниот заклучок, на наше огромно задоволство, е дека можат.

Се покажа, и логично, дека оние жени кои доживуваат повеќе оргазми обично полесно се опуштаат и полесно се возбудуваат затоа што не се преокупирани со размислување за постигнување оргазам. Истите овие жени беа оние кои испуштија најголем дел од хормонот окситоцин, познат и како хормон на љубовта, за време на студијата и ослободување што се случува за време на секс, породување и доење. Оваа група испитанички секогаш ќе можат најлесно да постигнат оргазам затоа што нивните тела едноставно го прават тоа.

52-годишната Беверли, која себе си се нарекува свештеничка на љубовта, е релаксирана инструкторка за тантрички секс, која верува дека повеќе и супер оргазми се нешто што секоја жена може да го постигне, а за да стигнете таму, постојат 3 клучни работи кои ќе ви помогнат да ја достигнете посакувана цел. Вежбање јога, редовно опуштање и развивање блискост со вашиот партнер дефинитивно ќе ве доведе до ова. И препорачуваме да започнете да вежбате денес.

извор:popara.mk