Љубов и Секс

Стари добри пози кои можат да бидат – уште подобри!

Стари добри пози кои можат да бидат – уште подобри!

Сексот не треба да биде непријатен, но ако поза не ви одговара, не значи дека не треба да ја пробувате со мала варијација или дека нема да биде прекрасно искуство со друг партнер.

Еве стари добри едноставни пози и совети за тоа како да ги изведете „маестрално“:

1. Жежок мисионерски секс

Ослободете се од сеќавањата на оние стари невини времиња кога ритмички горе-долу беше сè што знаевте за сексот и создадете ново искуство со класична мисионерска поза: Наместо партнерката да ги шири нозете и мажот да се смести меѓу нив, направете го обратното. Ова ќе ви овозможи да ги допирате гениталиите и да го стимулирате клиторисот. Оваа поза делува одлично затоа што на тој начин не е важна големината, туку поврзаноста помеѓу партнерите.

2. На цврста перница

Земете поцврста перница и ставете ја под задникот. Свиткајте ги колената, подигнете ја карлицата нагоре и раширете ги нозете толку многу што ќе можете да се потпрете на нив. Оваа поза ви овозможува да ја контролирате длабочината на пенетрација и е погодна за стимулирање на клиторисот за време на сексуалниот однос.

3. Јавање во седло

Преземете ја контролата со тоа што сте од горе: Оваа поза е идеална затоа што ви овозможува да се бакнувате и да се гледате во очи и ви овозможува да го одредите ритамот на пенетрација во кој уживате најмногу. Не само што можете да обезбедите стимулација на клиторисот, туку исто така можете да ја движите карлицата напред и назад за да го зголемите задоволството.

4. Потпрени на ѕид

Пронајдете ѕид или маса за да се потпрете. Застанете еден пред друг, изберете кој ќе го „држи“ грбот, а потоа закачете ја ногата околу ногата на другата личност за поддршка. Стимулирајте се со триење на клиторисот на гениталиите на партнерот и во меѓувреме изберете го ритамот кој најмногу ви одговара за приближување и оддалечување од телото.

5. Бочно галење

Можете да се соочите, или да се поставите така што вашиот партнер ќе влезе од позади. Ако сте соочени со партнерот, можете да управувате создавајќи го аголот под кој продира партнерот што најмногу ви одговара. Ако вашиот партнер е зад вас, можете да ја контролирате брзината така што вашиот партнер останува смирен и ви дозволува да се движите со свое темпо и да ја контролирате длабочината.

извор: попара.мк