Љубов и Секс

Совет од американски експерт: Ова е најчестата причина за развод – не правете ја истата грешка

Совет од американски експерт: Ова е најчестата причина за развод – не правете ја истата грешка

Ова е „предупредување“ на Мајкл Кирх, американски експерт за емотивни односи.

Бракот како институција е во длабока криза, но има сè повеќе луѓе кои што не сакаат да ја официјализираат врската баш поради тоа што се плашат дека ќе им се случи „појава“ која што е сè почеста – развод.

Ова е „предупредување“ на Мајкл Кирх, американски експерт за емотивни односи.

Врз основа на истражувањата кои што биле направени на клиенти кои што доаѓале на терапија, заклучено е дека браковите најчесто „пукаат“ кога меѓу партнерите се губи сексуална комуникација.

„Паровите по неколку години се опуштаат, сè помалку разговараат за своите желби и престануваат да ги изразуваат, го губат интересирањето да си бидат привлечни меѓусебно“, вели Кирх.

„А, потоа одеднаш им станува непријатно или глупаво да зборуваат за секс поради тоа што животот им наметнува премногу страсти, па им се чини дека ‘згаснатиот’ сексуален живот не е вреден за спомени. Баш тука ја прават грешката. Не само што треба да разговараат за тоа туку барем двапати неделно мора да водат сериозни дебати на таа тема“, смета Крих.

извор:точка.ком.мк