Љубов и Секс

„Сопругот ја уништи нашата прва брачна ноќ со тоа што го направи додека водевме љубов“

„Сопругот ја уништи нашата прва брачна ноќ со тоа што го направи додека водевме љубов“

„Мојот сопруг целосно ја упропасти нашата прва брачна ноќ нарекувајќи ме со име на друга девојка додека водевме љубов“ – напишала оваа девојка во својата анонимна исповед која ја испратила за британскиот „The Sun“.

„Бевме заедно три години, а венчавата ја организиравме на Карибите. Тој има 28 години, а јас 26. Беше толку многу романтично и совршено додека не го кажа тоа. Остатокот од вечерта го поминав во тоалетот плачејќи. Тој не престанува да се извинува и да е колне дека сè ќе биде во ред. Има пријателка со тоа име, но јас мислам дека меѓу нив нема ништо“.

„Сепак тоа име секогаш ми ѕвони во главата. Се чувствувам грозно. Доколку ја погледнам фотографијата од венчавката сè ми се враќа. Нашиот сексуален живот кој беше брилијантен повеќе не постои. Тој се обидува да се преправа дека ништо не се случило, но не е во состојба“ – напишала анонимната девојка.

Следел одговор од колумнистката:
„Нашите мозоци можат да направат нелогични грешки, особено во специфични услови како што е тензијата на некој голем ден. Го сакаш, тој те сака тебе и не сметаш дека те изневерувал. Тоа е најважно. Кога и да помислиш на неговата грешка, замени ја таа мисла со три среќни спомени од денот на вашата венчавка. Врати се на основата. Држете се за рака, бакнувајте се, бидете блиски и обновете го вашиот однос“.

извор:точка.ком.мк