Љубов и Секс

Што треба да земете предвид пред да одлучите да живеете заедно со партнерот?

Што треба да земете предвид пред да одлучите да живеете заедно со партнерот?

Кога одлучувате да живеете заедно со партнерот, се согласувате со фактот дека нештата неминовно ќе се сменат.

Ова е голем чекор за партнерите засебно и за нив како двојка, па има неколку работи што треба да ги земете предвид ако размислувате да се вселите во исто живеалиште.

Треба да ги разгледате своите особини, но и особините на партнерот. Ако не чисти по себе, остава валкани алишта, чинии и сѐ друго наоколу низ станот, мислејќи дека некој друг ќе го среди тоа, тогаш таа личност не е подготвена за заедничко живеење.

Замислете вие да сте таа личност што ќе мора секој ден да чисти и за себе и за некој друг. Ако тоа не ви пречи и сте подготвени да го направите без замерки и префрлање, тогаш имате зелено светло. Ако не, не влегувајте во заблуда дека таквите навики ќе се сменат преку ноќ откако ќе почнете да живеете заедно.

Дали вашиот партнер е финансиски стабилен, дали доцни со плаќање на сметки, дали има долгови? Размислете за ова. Ако не ги знаете одговорите на овие прашања, тогаш не сте подготвени да живеете заедно. Ако ги знаете и сте свесни дека партнерот не е финансиски одговорен и подготвени сте заедно да работите на тоа или да му помагате финансиски, тогаш одлуката е целосно ваша.

Проучете ги неговите пријатели. Колку често се собираат на домашни журки и дали вашиот заеднички стан ќе стане ново „свртувалиште“ за друштвото, дури и кога вие не сте расположени за седенки до доцна или ненајавени целодневни гости. Ако тоа не е ваш стил, разговарајте со партнерот дали тоа ќе биде можно сценарио за вашето заедничко живеење.

Уште на самиот почеток, важно е да знаете каков ќе биде балансот на заедничкото живеење, а тоа подразбира дали ќе живеете во заеднички стан, ваш, негов или под наем, кој ќе ги плаќа сметките, дали ќе купите заеднички мебел? Ова можеби звучи многу ладно и правно, но треба да знаете на што сте и во крајна линија, да се заштитите финансиски.

Заедничкото живеење, како и врските генерално, е прашање на отворена комуникација, односно договор и компромис. Обврските околу домот, плаќањето на сметките, распоредот на времето, па дури и терминот за оброци и слободно време треба да бидат договор меѓу вас двајца, на начин што ќе ви одговара на двајцата. Тоа значи дека некогаш повеќе ќе ви одговара вам, некогаш на другиот, но важно е да има компромис.

Во насока на менување на нештата, треба да сфатите дека вашиот живот ќе се смени и ќе се прилагоди на таа личност. Ќе поминувате повеќе време заедно и ќе се видите во секакво светло, па важно е да имате време за себе и вашиот круг на луѓе, вашите хобија и интереси, за да не го сведувате целиот ден на партнерот.

Стравот дека ќе си здодеете по некое време е оправдан само ако самите си го дозволите тоа. Истото важи и за сексуалниот живот. Тоа што ќе бидете дома заедно сега можеби ви изгледа како одлично сценарио, но реалноста е дека најверојатно ќе имате помалку активен сексуален живот додека не го најдете ритамот и интензитетот што ви одговара како двојка што живее заедно.

извор:курир.мк