Љубов и Секс

Што не треба да правите пред и после сексуалниот однос?

Што не треба да правите пред и после сексуалниот однос?

Сексот е многу повеќе од само физичкиот чин и треба да биде доживување што ќе им пружи задоволство и на двајцата партнери. Прочитајте кои работи не треба да ги правите пред и после сексуалниот однос.

Не брзајте веднаш да одите во тоалет

Можеби сте слушнале дека треба да уринирате веднаш откако ќе имате секс за да избегнете инфекција. Но гинекологот Џенифер Бамп вели дека ова не е точно – ве советува да останете во кревет и да уживате уште малку со вашиот партнер.

Внимавајте во која положба лежите

Доколку сакате да избегнете несакана бременост, избегнувајте да лежите на креветот со кренати нозе по сексот. На тој начин спермазотоидите ќе најдат начин да навлезат во грлото на матката.

Не јадете премногу

Намирници како што се овошје, житарки и мешункасти плодови може да создадат гасови во текот на сексот. За да ја избегнете оваа непријатна ситуација избегнувајте да јадете некои од овие намирници најмалку 1 до 2 часа пред да имате секс.

Не користете лубрикант со ментол

Се препорачува да користите лубрикант кој е направен врз база на вода. Лубрикантите кои содржат ментол може да предизвикаат иритација на вагиналното ткиво.

Исчистете ги секс играчките

Секс играчките обично се изработени од синтетички материјали и задржуваат бактерии. Темелно и навремено чистете ги за да одбегнете ризик од инфекции.

извор: кајгана