Љубов и Секс

Што не смеете да правите за време на секс?

Што не смеете да правите за време на секс?

Кога сте во кревет со некого, најмалку би сакале другиот да ја изгуби желбата за секс.

Сепак, често правиме потези што резултираат токму со тоа. Сексот е многу повеќе од само физичкиот чин и треба да биде доживување што ќе им пружи задоволство и на двајцата партнери.

Овие работи не смеете да ги правите за време на секс, инаку ризикувате партнерот/партнерката да се разочара, да ја изгуби желбата за секс или да не ужива во сексот.

Заборавате на бакнежите

Верувале или не, многу луѓе, и мажи и жени, забораваат да се бакнуваат за време на сексот. Освен во случаи кога тоа не го дозволува позата, бакнувањето е многу важен интимен чин што ќе ја зголеми блискоста и ќе направи другиот да се чувствува посакувано и секси.

Гризење

Иако некои луѓе сакаат „груба игра“ во сексот, гризењето на кој било дел од телото, без да знаете дека другиот го сака тоа, едноставно не е препорачливо.

Дури и да го сакаат тоа, гризнувањето е момент што се случува во моментите на најголема страст и сексуален нагон, така што ако „грицнете“ некого додека уште не е вжештена атмосферата, може само да го уништите моментот.

Ги занемарувате другите делови на телото

Допирањето, галењето и бакнувањето на гениталиите и градите се подразбира во сексуалниот чин, но другата личност не се состои само од делови на телото што се наменети за сексуалниот чин.

Колената, зглобовите, грбот и стомакот се исклучително ергогени зони и кај мажите и кај жените, така што ослободете се себе си и партнерот/партнерката од инхибиции и допрете го секој сантиметар од нивното тело.

Натежнување со целото тело

Ова важи и ако сте женско! Сосема во ред е да се „изгубите во моментот“ или да се уморите или да натежнете додека ја преместувате тежината од една на друга страна, но никако не е во ред да легнете врз другиот со целата ваша тежина.

Го третирате сексот како порно филм

Секоја двојка е различна и сексот меѓу двајца луѓе може да варира во поглед на инвентивноста и нивото на спремност.

Никогаш не претпоставувајте дека другиот би сакал да проба нешто поразлично без да разговарате за тоа претходно.

Порно филмовите се токму тоа – филмови – и не може да очекувате дека партнерот/партнерката ќе се однесува како порно ѕвезда кога имате секс. Ни вие не сте порно ѕвезда, нели?

Премногу сте тивки

Сакате да знаете дека партнерот/партнерката ужива во сексот? Сигурно и другиот го мисли и посакува истото. Не мора да зборувате секси или да вриштите да ве слушне цела населба, но немојте ни да молчите без да испуштите ни најмал звук. Воздушка или шепнато охрабрување во уво ќе ја заврши работата.

извор: Нетпрес