Љубов и Секс

Што најмногу ги загрижува мажите и жените пред првиот секс со нов партнер?

Што најмногу ги загрижува мажите и жените пред првиот секс со нов партнер?

Кога сте долго време во врска, сексот станува порелаксиран во смисла дека не се грижите повеќе за секоја ситница. Но, на почетокот на врската и мажите и жените се загрижени за многу работи, како на пример што ако не сакате исти работи во сексот, што ако не се покажете баш најдобро и слично.

Секој од нас има свои лични дилеми и несигурности кои играат улога во тоа како се чувствуваме кога се работи за сексот, а ново истражување во кое учествуваа 2.000 луѓе откри што ги загрижува најмногу мажите, а што жените.

Најголемата грижа на жените им е дека ќе бидат разочарани во сексот, односно дека на мажите нема да им допадне нивното тело, особено градите.

Мажите најмногу се грижат да не ејакулираат прерано или дека нивната партнерка нема да доживее оргазам.

Жените исто така размислуваат за тоа дали добро се депилирани околу бикини зоната, нозете, дали облекле пристојна долна облека, дали ќе доживеат оргазам, дали се многу гласни во креветот и слично. На листата на грижи е наведена и дилемата дали партнерот ќе им бара орален секс, дали некој ќе ги прекине во односот, дали креветот ќе шкрипи премногу, дали се доволно добри како неговата бивша и слично.

Кога станува збор за личниот изглед, мажите се загрижени дали половиот орган им е доволно голем, дали жената глуми оргазам, дали ќе биде доволно добар како нејзиниот бивш, дали има непријатен здив и се загрижени некој да не ги прекине во сексот.

„Сите имаме стравови за сексот, особено кога за првпат спиеме со новиот партнер. Меѓу некои парови се случува воопшто да нема сексуална хемија, дури и ако се многу искусни во кревет. Скоро сите парови знаат дали си се допаднале со некого уште во првите пет минути од првиот секс. Мој совет е да имате на ум дека партнерот е подеднакво нервозен како и вие, ако првиот пат не е баш добар, дајте му уште една шанса“, вели секс експертката Џесика Леони.

извор:кајгана.ком