Љубов и Секс

Што кога имате поголема потреба за секс од вашиот партнер?

Што кога имате поголема потреба за секс од вашиот партнер?

Што да направите кога вашиот сексуален нагон не е во склад со оној на партнерот?

Расположени сте и иницирате секс, но тој ви кажува дека е уморен и му се спие? Веројатно секој од вас се соочил со ваква ситуација.

Понекогаш, различните желби и потреби можат да влијаат на вашата врска, особено кога едниот партнер има помала желба за секс за разлика од другиот партнер. Во друг случај, сексуалната желба се менува во циклуси, еден период едниот сака повеќе другиот не, и така во круг.

Со други зборови, секој пар се соочува со ова во еден период од врската. Кога ќе се појави различна желба за секс, треба да бидете подготвени за ова.

Ова се неколку совети како да го надминете овој период

Промена на рутината

Доколку вашиот партнер не сака да води љубов, правете нешто друго. Разговарајте, гушкајте се, зборувајте за интимни работи. На овој начин ќе го расположите партнерот.

Комуникација

Добропознато е дека комуникацијата е клучна за секоја успешна врска. Разговарајте со вашиот партнер, прашајте го што чувствува, што сака и ќе најдете решение.

Не правете ништо

Последната опција е едноставно да престанете да се грижите. Најдете некоја активност која ве исполнува, гответе, вежбајте, дружете се со пријателите. Дајте му време на вашиот партнер да се справи со она што го мачи.

извор: Кајгана