Љубов и Секс

Што им е поважно на мажите, сексот или фудбалот?

Што им е поважно на мажите, сексот или фудбалот?

Неодамнешно истражување ја разоткрива дилемата во што повеќе уживаат мажите, во сексот или во фудбалот.

Во истражувањето учествувале испитаници од шест земји како Белгија, Англија, Германија, Португалија, Шпанија и Шведска. Дури 72 проценти од нив, а воедно биле и фудбалски фанови, признале дека повеќе преферираат да гледаат фудбалски натпревар отколку да имаат секс со саканата личност.

Освен што мажите го избрале фудбалот пред сексот, многумина признале дека плачат кога нивниот тим губи. Дури 75 проценти од мажите кои го признале ова се Португалци.

Невролозите, кои ја набљудувале работата на мозокот на фудбалски навивачи додека гледаат натпревар, откриле дека го моментот кога омилениот фудбалски тим ќе постигне гол се активира област во мозокот задолжена за интензивно уживање и сексуална возбуда.