Љубов и Секс

Шест работи кои се корисни за да се сокријат од партнерот?!

Шест работи кои се корисни за да се сокријат од партнерот?!
Shhh

Врските се темелат на довербам но некои работи никому нема да наштетат ако останат тајна. Како четката за заби, постојат и некои нематеријални работи кои треба да ги држите за себе и да не ги делите со партнерот.

Килограмите

Иако сте виделе како некоја финтес девојки кои се посветени на вежбањето односно да споделуваат својата килажа на инстаграм, поголемиот дел жени оваа бројка би сакале да ја задржат за себеси. Дама сепак не се прашува за години и килограми зарем не?

Бројот на партнери

Ретко која жена ќе открие со колку мажи спиела. Тоа на било кој начин не може да влијае на нејзината врска или на било што друго, освен ако не се изгорела и заработила некоја хронична полова болест.

Апетит

Понекогаш на жените им е непријатно да кажат дека и по обилната салата повторно се гладни. Тоа повеќе се однесува на почетокот на врската или несериозното забавување пред вистината по ова прашање да исплива на површина.

Способност во „машките“ работи

Ако има потребен алат, речиси секоја жена ќе успее да склопи било кој дел од мебел. Некои жени тоа нема да го признаат на својата посилна половина, само за да не ја намалат нивната улога во куќата и во нивните очи да останат кревки и женствени.

Испуштање на гасови

Иако не е ниту малку привлечно, сепак се работи за нормална телесна потреба, Ако не може да се сопре до тоалетот, жените вината ќе ја префрлат на домашното милениче или некоја виша сила.

Незадоволство по сексот

За да не се наруши егото на момчето, жените во суштина ќе ги премолчат лошите моменти и тоа дека не се во потполност задоволени. Другпат ќе биде подобро!

извор; таратур