Љубов и Секс

Секс во периодот на бременоста ДА или НЕ?

Секс во периодот на бременоста ДА или НЕ?

Сексот во текот на бременоста е огромен предизвик за многу голем број парови, но одржувањето на нормалниот сексуален живот и во овој период е од исклучителна важност, како за здравјето, така и за хармонијата во врската. Со помош на следниве совети, проблемите при сексот во бременоста ќе можете да ги сведете на минимум.

  1. Лубриканти

Кај некои жени, хормоните можат да предизвикаат хаос во организмот и да доведат до сушење на половиот орган, без разлика на степенот на возбуда. Ова е доста често и затоа секогаш при рака треба да имате лубрикант, кој ќе го поедностави сексуалното искуство. Користете лубриканти кои не содржат алкохол, за да не предизвикате надразнување.

Поврзана слика

  1. Соодветна атмосфера

Некои жени, во текот на бременоста, не се чувствуваат доволно секси, затоа што мислат дека големиот стомак ги прави непривлечни. Запалете неколку свеќи во спалната соба, затоа што со соодветно осветлување, секогаш можете да се чувствувате секси. Но, не претерувајте со свеќите, бидејќи ви е потребен и воздух за дишење. Нема потреба од 20 пламенчиња – 2 или 3 се сосема доволно да создадат атмосфера.

Поврзана слика

  1. Музика 

Музиката може значително да придонесе за создавање на романтична атмосфера, но и да ги прикрие незгодните звуци на подместување и барање на вистинската положба од страна на трудницата. Создадете си плејлиста со музика која двајцата ја сакате и уживајте.

Резултат со слика за romantic music

  1. Вистински пози

Со оглед на тоа што големиот стомак оневозможува пенетрација од одредени агли, мора да најдете поза што нема да нанесе притисок врз стомакот, а во исто време ќе биде удобна за двајцата партнери.

Поврзана слика

  1. Масажа на гениталиите

Масажата на гениталиите и околните делови е одлична предигра, а понекогаш и начин за задоволување на сексуалниот нагон. Со масажата на нејзиниот полов орган, мажот ќе се возбуди од потполната контрола, а таа, по крајот на масажата ќе биде и повеќе од подготвена за секс.

Поврзана слика

  1. Порно

За жените кои имаат проблеми со возбудувањето, особено во последното тромесечие од бременоста, препорачливо е користење на еротски или порно филмови.

Резултат со слика за erotic films