Љубов и Секс

Секоја втора жена е склона кон погонофилија- дали сте една од нив?

Секоја втора жена е склона кон погонофилија- дали сте една од нив?

Според едно неодамна спроведено истражување, скоро секоја втора жена „пати“ од феноменот погонофилија. Дали знаете за што се работи?

Погонофили се всушност луѓе кои сакаат брада. Кога ќе се спомне погонофилија, звучи како да се работи за некоја ретка болест, но со овој поим само се означува безмерната љубов кон брадите. Спротивно на овие луѓе, постојат и погонофоби – луѓе кои имаат страв од брада, а состојбата, логично, се нарекува погонофобија.

Љубовта кон брадите е доста актуелна, па не е некое изненадување што многу жени имаат слабост кон овој дел од машкото лице. Но, сега за ова постои и посебен поим.

Постојат многу момци кои навистина добро изгледаат со брада, како и такви кои се секси без оглед дали моментално имаат или немаат брада. Сепак, неоспорно е дека мажите генерално сакаат да носат бради, а на жените очигледно тоа им се допаѓа.

Еве неколку фотографии од згодни момци со брада кои ќе ви помогнат да одредите дали сте погонофили или не.

извор:кафепауза.мк