Љубов и Секс

Седум знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

Седум знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

Сексот е една од најубавите работи во светот, но како да знаете дали сте добри во кревет?

Едноставно – ова се 7 знаци кои го откриваат тоа.

Имате самодоверба

Ова подразбира дека најверојатно ќе го оставите светлото и ќе се појавите гола пред партнерот или во секси долна облека.

И двајцата сте расположени

Кога жената сè повеќе ги доближува колковите кон партнерот, тоа значи дека ѝ се допаѓа она што го правите во спалната соба.

Внимавате

Добриот љубовник секогаш ги следи вашите движења, воздишки и реакции. На тој начин дознава дали нешто прави како што треба или треба да престане и да проба нешто друго.

Пробувате нови пози

Доколку пробувате нови пози тоа е знак дека сте добри во кревет. Тука секако, спаѓа и предиграта.

Добриот секс доведува до ширење на вагината во текот на пенетрацијата бидејќи се опуштаат вагиналните мускули, а ова подразбира дека партнерката навистина ужива.

Знаете што ви е потребно за да доживеете оргазам

Личноста којашто е добра во кревет не зависи само од партнерот. Жената којашто го истражила своето тело и знае како да дојде до оргазам, може да му го покаже тоа и на партнерот.

Се грижите и за партнерот

Добриот љубовник се труди и двајцата подеднакво да уживате во сексот.

извор:кајгана.ком