Љубов и Секс

Седум знаци дека врската ви е завршена, ама не сакате да признаете

Седум знаци дека врската ви е завршена, ама не сакате да признаете

Иако е сосема нормално да има несогласувања меѓу партнерите, па дури и расправии, природата на овие настани кажува многу за здравствената состојба на врската.

Отсуството на каква било расправија, на пример, треба да го вклучи црвениот аларм, но најчесто не сакаме да си признаеме дека нешто не е во ред, па го туркаме под тепих и се надеваме дека „само ќе помине“.

Многу често, иако не сме среќни во врската, остануваме од разни причини – не сакаме да бидеме сами, се плашиме да почнеме одново, се плашиме дека нема да најдеме „некој подобар“…

Ова се седум знаци кои терапевтите ги издвојуваат како „аларми“ дека врската е веќе завршена, но на партнерите им е тешко да го признаат и прифатат тоа.

1. Веќе не се смеете. Ни заедно, ни сами. Речиси ништо во врска со партнерот не ве радува.

2. Почнавте да разгледувате наоколу, проверувате кој е слободен, кои ви се опциите.

3. Не вложувате веќе напори за подобрување на врската, ниту размислувате за заедничката иднина.

4. Веќе не сте приоритет во животот на партнерот, ниту тој во вашиот. Одлуките ги носите сосема неповрзано со вас како двојка.

5. Не се расправате воопшто. Веќе не ни коментирате, ниту одговарате на коментарите.

6. Се чувствувате осамено, дури и кога сте заедно со партнерот.

7. Длабоко во себе, знете дека е готово. Само го немате кажано тоа на глас.