Љубов и Секс

Се сомневате во неговата љубов? Овие 20 работи ќе ви докажат дека навистина ве сака

Се сомневате во неговата љубов? Овие 20 работи ќе ви докажат дека навистина ве сака

Некои знаци на вистинска љубов се многу суптилни, но затоа постојат оние јасни и гласни според кои веднаш може да видите какви се намерите на вашиот маж.

Ова се 20 работи кои што ги прави само вистинскиот партнер кој што вистински ве сака:
1. Внимателно ве слуша кога половина час драматично објаснувате некоја средба со колешка на работа.

2. Ви го дава далечинскиот управувач додека гледа телевизија.

3. Не ве тера да ги измиете забите пред да го бакнете наутро.

4. Без срам оди во продавница да ви купи тампони.

5. Доколку не е со вас, никогаш не заборава да ви посака добра ноќ.

6. Ви испраќа пораки само да ви каже дека му недостасувате.

7. Пред носење важни одлуки се советува со вас.

8. Кога ви се додворува друго момче, тој во исто време е горд и љубоморен.

9. Создава долгорочни планови со вас.

10. Иницира галење кое што нужно не води до сексуален однос.

11. Последниот залак од оброкот го чува за вас.

12. Нежно се шегува со вас на начин на кој што не е непријатен или пак злобен, туку забавен и хумористичен.

13. Ве запознал со неговите пријатели и родители.

14. Го игнорира мобилниот телефон кога е во ваше друштво.

15. На поминување му покажувате која маица во излогот ви се допаѓа, а тој следниот ден ве изненадува со истата.

16. Бара од вас да потпишете честитки кои што ѝ ги дава на мајка му за роденден.

17. Кога ќе доживее некаков успех горд е на вас и на сите им се заблагодарува.

18. Не се чувствува загрозено доколку заработувате повеќе од него.

19. Ве поттикнува во остварувањето на животните цели.

20. Не се срами и отворено на другите им кажува колку ве сака.