Љубов и Секс

Се наближува: На овој ден од месец јуни се случуваат најмногу неверства

Се наближува: На овој ден од месец јуни се случуваат најмногу неверства

Знаевте ли дека постои ден на кој луѓето изневеруваат повеќе од кога било? Барем тоа се информациите од еден англиски портал за онлајн состанување.

Најдолгиот ден во годината
Во истражувањето на порталот се открило дека корисниците се особено активни на 21-ви јуни. Според статистиката, на овој ден дури 65% повеќе корисници бараат авантура надвор од врската. Многумина сметаат дека ова е поврзано со летната долгоденица.

За потребите на истражувањето било проучувано однесувањето на 300 активни корисници. Притоа станувало збор за луѓе кои се во стабилна врска, но кои имаат повремена афера. Според порталот, луѓето најверојатно бараат афера или веќе имаат некоја, кратко пред да одат на одмор бидејќи сакаат уште малку забава или промена. После тоа започнува време поминато со семејството каде што ќе нема можност за неверство.

Често се изневерува и на студено време
Сепак постоел уште еден датум на кој корисниците на порталот биле многу активни – 18-ти ноември. Имено, на тој ден, дури 30% повеќе корисници го користат порталот за авантура надвор од врската.

извор:кафепауза.мк