Љубов и Секс

Се гушкате или спиете одвоено? Позицијата на спиење открива каква ви е врската

Се гушкате или спиете одвоено? Позицијата на спиење открива каква ви е врската

Голема е веројатноста дека заедно со вашиот партнер имате одредена позиција на спиење која најчесто ја практикувате, односно веројатно почесто спиете гушнати или раздвоени. Тоа како спиете може многу да открие за тоа каков ви е односот.

Еве што велат експертите:


1. Гушкање

Класичната позиција на спиење е онаа каде партнерите се гушнати. Гушкањето се смета како знак на здрава врска и речиси третина од паровите спијат така што се насочени во иста насока. Она што е дополнително важно е колкава е оддалеченоста.

Психолозите тврдат дека далеку подобар знак за здрава врска е кога партнерите се гушкаат, но меѓу нив постои извесна дистанца.

Според некои истражувања гушкањето е знак за тоа каков ви е сексуалниот живот. Според психологот Трејси Кокс, ако парот не спие во позиција на гушкање постои можноста да имаат сокриена сексуална фрустрација.


2. „Бркање“

Оваа позиција е слична на гушкањето, но за разлика од првата позиција, во втората едниот партнер го „брка“ другиот, односно и двајцата се наоѓаат на една страна од креветот.

Ова значи дека едниот од партнерите сака да биде „бркан“, односно сака поголемо внимание од другиот партнер.


3. Испреплетени љубовници

 

Ваквиот начин на спиење е карактеристичен за оние парови кои не се долго во врска, но ако и понатаму продолжувате да спиете во оваа позиција може да значи дека сте премногу зависни еден од друг.

Токму затоа, оваа позиција на спиење е карактеристична само за 4% од паровите.


4. Свртени на различни страни

Според психологот Корин, оваа позиција значи дека „двајцата партнери се интимни, но знаат и да уживаат во сопствената индивидуалност“.

Оваа позиција е една од попопуларните позиции кои ја практикуваат дури 27% од паровите.


5. Еден партнер е навален кон другиот

Еден од партнерите спие на градите на другиот – оваа позиција е уште еден знак дека парот не бил долго време во врска или скоро пребродиле некоја љубовна криза.Еден од партнерите има потреба од посилно сексуално и емоционално врзување.


6. „Суперхерој“

Оваа позиција е кога еден од партнерите зазема далеку поголем простор во креветот одошто другиот. Тоа значи дека еден од партнерите доминира во врската и често е знак за себичност и неспособност за правење компромис со другиот партнер.

извор:боза.мк