Љубов и Секс

Се бакнувате со затворени очи? Психолозите објаснуваат зошто…

Се бакнувате со затворени очи? Психолозите објаснуваат зошто…

Веројатно многумина се запрашале зошто мижиме додека се бакнуваме, наместо да ја гледаме саканата личност во тој момент.

Психолозите објаснуваат дека тоа се случува поради тоа што нашиот мозок не може истовремено да прави две работи.

Експертите од универзитетот „Royal Holloway“ во Лондон, на оваа тема спровеле истражување и дошле до заклучок дека човечкиот мозок во тој момент бира само една активност.

Студијата покажала дека затворањето на очите на луѓето за време на бакнувањето влијае на начинот на кој ги доживуваме работите.

Луѓето кои мижат за време на бакнувањето, повеќе уживаат во тој интимен момент.

иѕвор: точка.мк