Љубов и Секс

Сакав да го контролирам сопругот, но тој мe научи на важна лекција

Сакав да го контролирам сопругот, но тој мe научи на важна лекција

Да, бев лута, како не. Секако, имав опуштен и лесен ден на работа, но сепак тоа беше работа. Работев, така што тој требаше дома да ги поучува нашите деца. Тоа беше договорот. Па, зошто тој не ги направи работите како што мислев дека треба?

Три години се занимавав со подучување на нашите ќерки и ќе признаам дека не беше воопшто лесно.

Кога мојот сопруг и јас решивме да се вратам на работа со полно работно време, тој се согласи да ги преземе сите одговорности и да ги поучува нашите ќерки дома. Така би можеле да бидат заедно и да уживаат како семејство додека ме нема. Совршено!

Но, во саботата, седев на работа кога го прашав сопругот како го поминуваат денот, тој напиша: „Добро, малку сме мрзливи“.

Молам, што ??? Тој треба да ги учи нашите деца.

„Дали завршивте со училиште?“, прашав брзо.

„Не сме завршиле, но ќе успееме“, одговори тој.

Потоа, продолжив да го испрашувам за нашата петгодишна ќерка и колку таа направила дотогаш, знаејќи дека ќе биде тешко за неа да остане фокусирана, бидејќи таа беше сè уште мала. Во тој момент, јас само видов што би правела јас и сакав да се уверам дека тој прави сè точно како што сакав. Според моите стандарди. Знаете, како јас тоа би го направила.

Додека продолжив да го испрашувам, тој само одговори: „Едноставно ќе мораш да ми веруваш за ова“.

Не му верував, постојано барав од него да ми каже како да сум негов шеф, а не партнер.

И тогаш всушност сфатив што правам. Не му верував. Постојано барав од него да ми каже како да сум негов шеф, а не партнер. Очекував повеќе од него отколку што и јас би успеала да направам. Знаев дека нашата 2-годишна ќерка е болна и утрово повраќаше. Тој постојано ми кажуваше колку е добра и колку нејзината состојба се подобрила. Тој веќе имаше многу напорен ден.

Тука беше и вистината. Колку пати јас започнав училиште после ручек? Многу пати. Колку пати тој ми барал извештаи за тоа како ни оди со образованието додека е на работа?

Ниту еднаш. Уф…

Сакав да го контролирам сопругот

Тогаш сфатив дека се обидувам да го контролирам. Очекував од него да стори сé што јас би направила да бев на негово место. Или уште полошо: очекував тој да биде совршен.

Поради ова, тој можеше да добие впечаток дека не му верувам со тоа што му е доверено, и искрено, како ќе се чувствував ако тој толку ме испрашуваше кога јас за прв пат започнав да ги подучувам? Овој вид на образование е и така доволно тешко и без чувството дека некој постојано ви дише во врат.

Мојот сопруг ги сака нашите деца и сака само најдобро за нив, како и јас, и ќе направи се за нив. Тој беше во право. Требаше да му верувам. Требаше да верувам во неговите способности и за доброто на нашиот брак, тој требаше да знае дека му верувам. Можеби нема секогаш да направи се како што јас би направила, но тоа не значи дека неговиот начин е погрешен. Го знаев тоа во моето срце. Но, требаше да го потврдам тоа со моите постапки.

Подоцна, без мое наговарање, ми испрати порака за тоа како нашата 5-годишна ќерка совршено ги направила вежбите за говорење. Кога се вратив дома, видов дека тој ги изложил нивните дела на ѕид во трпезаријата. Се гордеев со него, но не само затоа што тој стори сé како што и јас. Бев горда затоа што тој стори сé на свој начин. Тој направи сè од љубов и посветеност кон нашите девојки. Ова не се виде само на хартиите на ѕидот. Се покажа и со насмевките на нашите ќерки и начинот на кој тие се однесуваа кон другите.