Љубов и Секс

С*кс на различни места: Со експериментирање до врвен оргазам

С*кс на различни места: Со експериментирање до врвен оргазам

Нека вашиот брачен кревет биде местото каде само ќе преспиете!

Не ја потценуваме моќта на сексот во удобен кревет и чиста постелнина, но секако дека не е местото каде би сакале цел живот и секој ден да водите љубов со саканиот или саканата. Поради тоа додадете малку забава во вашиот сексуалнен живот и експериментирајте секс на различни места!

Столица

Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно и комплицирано додека да ја пронајдете совршената положба, но кога еднаш ќе успеете веднаш ќе ви стане јасно зошто сексот на столица е многу подобар од тој во кревет.

Када или туш

Ова е местото каде секогаш сте без облека. Па зошто да не бидете голи заедно со вашата друга половина? Во зависност на тоа каква када или туш кабина имате, ќе бидете лимитарни само кога станува збор за позите, но со сигурност дека ќе уживате во чувството.

Подот

Тоа е нешто слично на креветот, но сепак нешто ново кое ќе ги запали страстите меѓу вас.

Трпезариската маса

Немојте да планирате секс на трпезариска маса, бидејќи тоа мора да се случи спонтано. Исфрлете се што има на масата и уживајте во моментот.

Автомобил

Доколку немате гаража, тогаш пронајдете некое скришно место каде никој не може да наиде на вас и започнете ја играта. Можеби звучи тинејџерски, но е многу возбудливо.

Од прозорецот до вратата

Заборавете на досаден секс и тоа на едно одредено место. Играјте, менувајте простории, атмосфера, пози.

Поткровје

Овие простории се секогаш морничави што доведува до поголема возбуда.

Машина за перење алишта

Кога машина не работи, тогаш и не е некој посебен предизвик. Чувството е подеднакво исто кога сте и на некоја друга метална површина, но ако машината е вклучена, тогаш играта целосно се менува.

извор: Курир.мк