Љубов и Секс

Разбудете ја вашата врска и почнете да водите скокотливи разговори со партнерот

Разбудете ја вашата врска и почнете да водите скокотливи разговори со партнерот

Кога ќе станете потполно опуштени, можете да се обидете да ја искористите својата новостекната вештина непосредно пред спиење.

Ако вашиот партнер бара од вас некогаш да му шепнете некои валкани работи на уво или едноставно сака да го изненадите со нешто ново, постојат неколку различни начини како да постапите во оваа ситуација.

Во продолжение ви нудиме 4 насоки во водењето на скокотливи разговори…

Зборувајте нешто секси и надвор од спалната соба

Кога ќе станете потполно опуштени, можете да се обидете да ја искористите својата новостекната вештина непосредно пред спиење. Вечерното шепотење на увото исто така може да биде доста атрактивно. Исто така, можете да испратите еротска СМС порака на својот партнер додека сте разделени. Ова ќе ви помогне да го пребродите времето на разделеност и партнерот да го направите повозбуден.

Не користете изрази од порно литературата

Порнографските филмови или читањето на еротски прикази можат да ви помогнат да го проширите својот еротски вокабулар, но користењето на изрази од „литературата за возрасни“ во текот на сексот се покажало како неефикасно решение. Всушност, обидот на симулација на еротски сцени со вашиот партнер можат да изгледаат премногу вештачки. Верувајте им на своите инстикти и зборувајте го она што го мислите дека е природно во одреден момент. Ако имате проблеми на почетокот, немојте да се откажете. Секси разговорите стануваат полесни што повеќе ги водите.

Немојте да бидете премногу агресивни ако не сте подготвени

Скокотливиот разговор не мора обврзувачки да значи опишување на интензивни порнографски сцени со вашиот партнер. Еден од добрите начини за почеток е да му кажете дека е добар во креветот. Комплиментот ќе го охрабри да продолжи да го прави она што го почнал под кебето. Од тој момент можете полесно да се опуштите. Ова е фантастичен начин да се заиграте во зборувањето на скокотливите работи и на партнерот јасно да му дадете до знаење што сакате, а што никако не ве исполнува.

Зборувајте за своите сексуални фантазии

Моментите кога сте сами е одлично време на партнерот да му опишете една од своите сексуални фантазии. Опишете му што сакате да направите со него, како и работите кои тој сака да ги направи со вас. Овој вид на разговори може да ве донесе до сознание дали имате заеднички интереси. Секси зборувањето може да претставува влезна врата во волшебниот свет на нови сексуални искуства.