Љубов и Секс

Работи кои се случуваат во вашето тело кога сте вљубени

Работи кои се случуваат во вашето тело кога сте вљубени

Човечкото тело совршено добро знае кога сме вљубени. Погледнете на кој начин реагира вашето тело кога сте вљубени.

Вљубувањето влијае на количината на многу хормони во телото. Последица – доаѓа до намалување на крвниот притисок и успорување на работата на срцето.

Помалку грчеви и болови
Истражувањето спроведено на „University School of Medicine“ во Стенфорд покажа дека љубовта ги активира нервните рецептори во мозокот кои дејствуваат како лекови за ублажување на болки. Грчевите и болките се ублажуваат или исчезнуваат кога сте вљубени.

Потешко се концентрирате

Истражувањето објавено во списанието „Motivation and Emotion“, покажа дека ако постојано размислуваме за нашиот партнер или партнерка, вљубеноста може да ја намали нашата способност за концентрација. Затоа ви е тешко да се сконцентрирате на работните обврски.

Среќни сте

Ендорфинот е како природен морфиум во нашето тело, а кога сме вљубени тој се лачи многу повеќе од претходно. Дејството е исто како да користите опиум – предизвикува постојано чувство на среќа и еуфорија.

Сè има посладок вкус

Во едно истражување, испитаниците имале за задача да пишуваат за нивната љубов и да пробуваат различна храна. Без оглед на тоа каков вкус имала храната, испитаниците дошле до ист заклучок дека сè има посладок вкус за разлика од порано.

Заборавате

Кога сте „вљубени до уши“ вашиот мозок лачи повеќе окситоцин, т.н хормон на љубовта. Со помош на овој хормон се зајакнува чувството на поврзаност, но тоа од друга страна може да биде причина да ги заборавате секојдневните обврски.

Љубомора

Кога сте вљубени и кога ќе го видите вашиот партнер да разговара со друга жена или маж, љубомората ќе исплива на површина. Ова е добро додека е во нормални граници. Со текот на времето ќе сфатите дека треба да му верувате на партнерот и дека љубомората може само да ви предизвика проблеми.

Љубовта ги зајакнува коските

Љубовта има и сосема неочекувани ефекти. Научниците откриле дека паровите кои се во среќна врска или брак имаат здрави и цврсти коски.

извор: кајгана