Љубов и Секс

Проверете дали сте подготвени за првиот сексуален однос

Проверете дали сте подготвени за првиот сексуален однос

Се двоумите дали сте доволно спремни за првиот сексуален однос, ве мачат различни прашања? Одговорете на прашањата и ќе го добиете одговорот!

1. Имам дечко:
А) веќе подолго време, многу добро се познаваме. Сè можеме да направиме заедно… па и ова сакаме да го пробаме.
Б) кој синоќа го запознав на журката. Единствено што знам за него е дека се вика Бојан.
В) недела дена. Имал многу девојки пред мене. Немам многу доверба во него.

2. Твоето мислење за контрацепцијата е:
А) ако сум подолго со еден дечко ќе користам пилули… а ако не кондом. Но без заштита ништо.
Б) ма каква заштита, ако нешто ми е судено тоа и ќе се случи, со заштита или без.
В) нема да користам никаква заштита затоа што му верувам на мојот дечко и знам дека ништо лошо нема да ми се случи.

3. Колку се сакаш себе и твоето тело:
А) знам дека не сум манекенка, но добро се чувствувам во своето тело и нема да ми биде срам да се соблечам пред мојот дечко. Имам доволно самодоверба.
Б) јас сум совршено градена. Многу дечки би сакале да бидат со мене. Не постои дечко на кој не би му се допаднала.
В) јас сум многу, многу незадоволна од својот изглед. Ќе можам да се соблечам само ако светлото е изгаснато.

4. Како го замислуваш својот прв имтимен однос со дечко:
А) мора да биде многу романтично.
Б) не сум размислувала за тоа. А на кого и му е важен првиот пат?
В) не знам. Важно е да биде спонтано, па за понатаму ќе се договориме.

5. Што мислиш, колку си спремна?
А) сум зборувала со другарките за нивниот прв пат и сè што е важно за тоа. Мислам дека сум спремна затоа што знам многу за тоа.
Б) имам 15 години, сите мои другарки тоа веќе го направиле… па ќе пробам и јас.
В) знам дека не сум многу спремна, но мојот дечко го сака тоа.

 Најмногу одговори под А:
Ти знаеш што сакаш во животот. Имаш доволно самодоверба и никој неможе да те наговори да направиш нешто што не сакаш. Посоветувај се со мајка ти, распрашај се кај другарките за се што те интересира и најважно – разговарај со твојот дечко.

Најмногу одговори под Б:
Ти се однесуваш како дете, а сакаш да бидеш голема. Мораш да ги промениш ставовите поради кои изгледаш незрело, затоа што може да те чинат многу. А што се однесува до заштитата знаеш само – заштита, заштита и само заштита.

Најмногу одговори под В:
Многу се потпираш на туѓо мислење. Мора да изградиш свој став, да се цениш повеќе и обавезно да се информираш за својот прв пат. Кога сосема ќе се опуштиш и ќе веруваш во себе и своите способности, дури тогаш ќе ти биде убаво.