Љубов и Секс

Пријателство со бенефиции: Пет работи кои треба да ги знаете

Пријателство со бенефиции: Пет работи кои треба да ги знаете

Ако не ви е баш јасна дефиницијата за „пријателство со бенефиции“, едно објаснување вели дека станува збор за однос во кој двајца пријатели имаат доволно доверба еден во друг за да се впуштат во сексуални односи, без обврски.

Ова е идеално сценарио за луѓе кои не се заинтересирани за сериозна врска или немаат време за неа. Освен тоа, ако не е договорено поинаку, пријателите не мора да се воздржуваат од секс со други.

Поинаку кажано, овој однос е подреден на сексуалното уживање. Сепак, на ум треба да имате неколку работи.

1. Одберете мудро

За ваков однос треба да најдете истомисленик или пријател на кој може да му угодите. Обидете се да ги предвидите потенцијалните замки и проблеми. На пример, дали пријателот со кој планирате ваков однос можеби е љубоморен или наметлив? Ако е таков, избегнете го.

2. Без големи очекувања

Идеално би било воопшто да не се впуштате во ваков однос ако се надевате дека еден ден може да се претвори во сериозна врска. Секако дека секогаш постои можност за такво нешто, но постои можност од ваквиот однос да излезете повредени.

Исто така, од личноста со која се впуштате во ваков однос немојте да очекувате да биде покрај вас во лоши моменти.

3. Поентата е во забавата

Да, токму тоа е основата на овие односи. Луѓето најчесто бараат некого со кого можат да бидат пријатели со бенефиции поради сексуално уживање. Важно е да експериментирате во кревет и да не дозволите искрата меѓу вас да изгасне. Запаметете дека треба да постои совршен баланс на давање и земање кога станува збор за сексуалното задоволство.

4. Секогаш безбеден секс

Бидете одговорни и користете заштита, не ги прекршувајте правилата за безбеден секс. Се работи за специфичен однос и секогаш имајте го на ум вашето сексуално здравје.

5. Бидете на иста бранова должина

Не е доволно само да ви биде пријатно кога сте заедно. Треба да бидете транспарентни за некои основни правила за да избегнете компликации. Пред да станете пријатели со бенефиции, разговарајте за тоа што мислите за други партнери за времетраењето на вашиот однос.

извор: Кајгана