Љубов и Секс

Прељубниците имаат навики кои ги издаваат: Дали сте ги забележале?

Прељубниците имаат навики кои ги издаваат: Дали сте ги забележале?

Имате некое непријатно чувство или ве гризе „црвот на сомнежот“ кој не ви дава да спиете навечер и од кој ви се превртува во стомакот? Се плашите дека партнерот ве изневерува?

Ако не сте склони кон параноични мисли, или барем не сте биле во минатото, за жал можно е да сте му во трага на „сторителот“, велат експертите.

Човечката интуиција е чудесен феномен што во повеќето случаи се покажува како точен. Ако немате проблеми со љубомора и ниска самодоверба и одеднаш се чувствувате несигурни во врската, веројатно така се чувствувате со причина, вели љубовниот терапевт и експерт за невербална комуникација Џуди Џејмс.

Синдром на паун

Џејмс го наведува ова како скоро најсигурен знак за неверство на мажот. Ако вашиот партнер започне да поминува многу повеќе време пред огледалото, одеднаш внимава како се храни, не прескокнува да стави парфем или да се избричи, купува нова гардероба – и генерално посветува поголемо внимание на неговиот изглед, веројатно има некоја нова симпатија околу него пред која сака да остави најдобар впечаток.

Невообичаена мимика

Новите врски вклучуваат и интензивна „мимика“, особено ако тој е заљубен/затрескан во таа личност, што значи дека ќе „собере“ нови гестови, изрази, па дури и зборови. Исто така ќе почне да го копира нејзиниот начин на зборување, па дури и вкусот за музика и стил.

Промени во сексот и избегнување предигра

Ако вашиот партнер одеднаш е подготвен за активности што претходно не сте ги практикувале и има невообичаени сексуални барања, можно е да пронашол инспирација во сексот со некој друг. Заблуда е дека измамниците веќе немаат секс „дома“, бидејќи нивното либидо е всушност зајакнато. Но, почесто тој ќе ја прескокне предиграта и ќе се препушти директно на пенетрација, без да разменува нежности со вас.

Ненадеен бес

Од прељубниците не треба секогаш да се очекуваат знаци како чувство на вина. За егото е многу полесно каењето да се претвори во лутина, обидувајќи се вината за невертсвото да ја префрли на вас. Рафалните напади и кавги се вообичаено однесување на прељубниците, немоќни да се справат со своите чувства и постапки. Исто така, лесно ќе почнуваат расправии за да се почувствувате и вие виновни за нешто.

Телефонофобија

Смартфонот е клучна алатка за измами што ќе го направи суперчувствителен, буден и внимателен секогаш кога некој ќе му пријде, особено вие. Редовно проверување на нотификациите, постојано пишување пораки, грабање ако го земете вие неговиот телефон в рака, како и излегување од собата за да разговара, се вообичаени симптоми на афера.

Ако оди во друга просторија на секој звук од неговиот мобилен телефон, тој не сака да одговара на повиците бидејќи наводно повторно му се јавуваат од работа или ако секогаш го носи својот мобилен телефон со себе, а тоа не го правел порано, имате причина да се грижите.

извор: Kajгана