Љубов и Секс

Познат психолог открива: Оваа една работа гарантира успешна врска

Познат психолог открива: Оваа една работа гарантира успешна врска

Психологот Питер Пирсон, кој раководи со Институтот за парови во Калифорнија и кој целата своја кариера ја посветил на решавање на љубовни проблеми, тврди дека само една работа гарантира стабилна и успешна врска.

Тоа се – фундаментални вредности. Поточно, важно е да ги споделувате истите фундаментални вредности со вашиот партнер.

„Основните вредности се поважни од напливот на возбуда што ја чувствувате кога ќе сретнете некој со кого споделувате чувство на привлечност, бидејќи тие хормонални реакции ќе исчезнат со текот на времето, а заедничките вредности ќе преживеат“, изјави д-р Пирсон за БИ.

Тој вели дека интересите можат да бидат предмет на компромис, но не и вредностите.

На пример, ако сакате да го поминете викендот во природа, а вашиот партнер сака да останете дома и да подготвувате вечера за пријателите, можете компромисно да се согласите да ја исполните неговата желба овој викенд, а вашата наредниот. Меѓутоа, ако сакате деца, а вашиот партнер експлицитно ја одбива идејата, станува збор за основни вредности што можат да доведат до проблеми во врската.

Затоа е важно кога влегувате во љубовни врски да ги имате предвид вашите вредности и вредностите на личноста што ве интересира, за да не се судираат вашите светови во иднина.

извор: Локално.мк