Љубов и Секс

Постојат пет фази во секоја врска, а третата фаза ја преживуваат само најсилните парови

Постојат пет фази во секоја врска, а третата фаза ја преживуваат само најсилните парови

кспертите веруваат дека сите парови проаѓаат низ пет фази во текот на нивната врска, а една од нив е критична.

Прва фаза: Нова љубов
Само што запознавте некој посебен и сте во фаза каде сѐ ви е како на меден месец, пишува “Brightside”.

Чувствувате пеперутки во стомакот, секој допир е посебен, а за секој бакнеж би сакале да трае вечно. На секои 5 минути го проверувате вашиот телефон за да не пропуштите ниту една порака од таа личност – очигледно е дека сте заљубени.

Совет од експертите е да запомните како сте се чувствувале во таа фаза бидејќи тоа чувство ќе ви биде потребно за подоцна.

 

View this post on Instagram

 

Sunday’s with you @sincerely_mels @mroptimistic_ 😘

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Втора фаза: Смирување
Чувствувате дека врската е сериозна и спремни сте да се обврзете. Во оваа фаза паровите се вселуваат во заеднички дом и сфаќаат дека врските во реалниот живот не се само флерт и смеа. Ќе пробате да поминувате што е можно повеќе време заедно, да споделувате искуства и чувства, но рутината ќе започне да ја менува еуфоријата. За да го одбегнете наглото губење на чувствата од првата фаза, одвоите дел од вашето време секоја недела кое ќе го поминувате заедно.

Трета фаза: Рутина и разочарување
И понатаму делите силни чувства, но нешто е поинаку. Не сте повеќе возбудени за секоја заедничка минута, а секојдневните обврски, работата и обврските во домот ја туркаат романсата на страна и често се чувствувате како да запаѓате во рутина и се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука.

 

View this post on Instagram

 

Would you let your lover do your makeup? 💋 #couplegoals

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Ова е најопасниот дел од врската, а ако успеете да го пребродите, вашиот однос има големи шанси да опстане. Сетете се дека вашиот партнер е и понатаму истата личност во која сте се заљубиле.

Четврта фаза: Стабилност
Во оваа фаза и двајцата се чувствувате сигурно и се гледате онакви какви што сте. Не лебдите во облаци како во првата фаза, но помината е и опасноста од третата фаза. Знаете колку простор ви е потребен еден на друг и сфаќате дека вашиот партнер има хобија и навики кои можеби не ви одговараат, но немате ништо против тоа.

Петта фаза: Посветеност
Ако сте стигнале до оваа фаза, честитки! Вие сте вистински долгорочен тим. Повеќе не ви недостига првата фаза и не би ја менувале фазата во која се наоѓате за неа. Ги имате прифатено сите несовршености на партнерот и не можете да ја замислите вашата врска поинаква од онаа каква што е.

извор: точка.мк