Љубов и Секс

Поранешен ФБИ агент открива: Ова се сигурни знаци дека партнерот ве изневерува

Поранешен ФБИ агент открива: Ова се сигурни знаци дека партнерот ве изневерува

Доколку вашиот партнер се однесува вака, тогаш очигледно е дека вие не сте му единствената жена во животот.

Доколку имате претчувство дека партнерот ве изневерува, голема е веројатноста дека сте во право, вели поранешен ФБИ агент, Томас Мартин.

Тој открил кои сигнали најдобро укажуваат дека вие не сте му единствената жена во животот на вашиот партнер.

Како што истакнал тој, доколку од листата која ќе ви ја претставиме ќе забележите до четири од наведените знаци тогаш нема причина за грижа.

Но, доколку бројката е поголема од таа, тогаш тоа е знак да го „вклучите алармот“.

Ова е листата:

1. Менување навики.

2. Рано излегување од дома и враќање во доцните часови.

3. Чести службени патувања.

4. Отсуствување од семејните собири.

5. Премногу прекувремена работа.

6. Финансиски „измами“, потрошување кое што не може логично да се објасни.

7. Таен профил на социјалните мрежи или пак таен меил.

8. Криење на сметката од кредитната картичка.

9. Поголема посветеност за изгледот и личната хигиена.

10. Туѓ мирис.

11. Купување подароци кои вие не сте ги виделе.

12. Ненадејно појавување на „сомнителни“ предмети (презервативи во автомобилот).

13. Ненадејно зачленување во теретана.

14. Пропуштени повици од непознат број.

15. Шифра на телефонот.

16. Помалку сексуален однос.

17. Избегнување средба со партнерот или често заземање одбранбен став.

18. Очигледно лажење.

19. Ненадејно избувнување.

20. Бес и лутење поради вашите ненајавени посети на работа.

извор: точка.ком.мк