Љубов и Секс

Пет знаци дека треба што поскоро да раскинете со партнерот

Пет знаци дека треба што поскоро да раскинете со партнерот

Истражување на Tinder покажа дека околу 40 проценти од младите нема да останат во врска со личност којашто не им одговара, само за да не бидат сами.

Иако понекогаш е тешко да се откажете од врска во која многу сте вложиле, сепак е подобро да ја раскинете отколку да бидете несреќни.

Bright Side одвои неколку знаци коишто укажуваат дека е време за крај.

1. Партнерот постојано ве практикува

Едно е кога партнерот ви укажува на однесување коешто му смета, тоа може да биде и здрав начин на комуникација, но сосема друго е кога постојано ве критикува за сè. Таквите луѓе обично личните фрустрации ги истураат на другите.

Со таквиот начин на комуникација се губи почитувањето меѓу партнерите, па најдобро е да се дистанцирате од таквата врска.

2. Врската е еднострана

Ако партнерот сака да минува време со вас само кога нему му е потребно друштво или утеха, тоа не е баш добар знак. Таквата личност само ве искористува и не се грижи за вашите потреби.

Ако на партнерот му давате поддршка и љубов, нормално е истото да го очекувате и од него. Ако тоа го нема, тогаш можеби сте заглавиле во токсична врска.

3. Постојано се заканува дека ќе ве остави

Ако во текот на караница партнерот често ви се заканува дека ќе ве остави или ако сака на тој начин нешто да добие, тоа може да биде знак на манипулација.

Во тој случај го користи вашиот страв од напуштање за да ве контролира. Многу е важно да го препознаете ваквото однесување и да го запрете пред сериозно да ве повреди.

4. Живеете во минатото

Ако почесто се сеќавате на убавите моменти од минатото, а во сегашноста доживувате помалку убави моменти, тогаш има проблем.

Доколку однесувањето на партнерот во меѓувреме се променило и вие се надевате дека ќе се врати на старо, тогаш е можеби време малку да се оддалечите од него.

5. Постојано прекинувате, па се смирувате

Истражување покажа дека четвртина од паровите во некој момент прекинуваат, па се смируваат, но ако тоа стане бесконечен круг на прекини и смирувања, можеби треба да размислите дали сакате такво нешто.

Луѓето во ваквите односи остануваат најчесто од страв од тоа што иднината го носи, а тоа не е добро ниту за партнерот, ниту за вас.

извор: кајгана