Љубов и Секс

Паузата од секс може да биде позитивна за вас

Паузата од секс може да биде позитивна за вас

Периодот без секс е идеална можност да откриете што ве возбудува, а што не, да работите на подобра форма, но и да ги одморите нервите од страв од несакана бременост…

Иако сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, „сушните“ периоди исто така имаат свои придобивки, особено за психата. Вишокот слободно време е одлична можност да работите на себе и вашата физичка форма. Една година сме во пандемија и оние кои не живеат со партнер или немаат партнер, ја поминаа годината без (вообичаената) сексуална активност. Тоа не мора да значи ништо лошо.

Подобра форма, поголема самодоверба
Жените за време на сексот можат да бидат крајно несигурни во своето тело, прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што лошо влијае на нивната самодоверба. Период без секс ги менува приоритетите, така што вишокот време може да се потроши за вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма сигурно ќе ја зајакне вашата самодоверба и ќе го подобри начинот на кој гледате на вашето тело.

Можност да го истражите сопственото тело
Периодот без секс е одлична можност да го истражите сопственото тело. Оние што никогаш не го достигнале врвот со својот партнер можат да имаат најголема корист од тоа, па сега можат да откријат што ги возбудува, а што не, и кои допири всушност ги сакаат.

Нема повеќе драма или страв од бременост
Животот во двојка, и покрај неговите предности, може да биде многу стресен. Партнерите треба да се усогласат еден со друг, да прават компромиси, дури и кога станува збор за секс, поради што расправиите се неизбежни. Без секс, нема драма, што во голема мера ќе ги смири нервите, но и стравот од несакана бременост.

Сексот ќе го цените повеќе
„Сушниот“ период ќе ве научи како повеќе да го цените сексот. Штом ќе заврши, тркалањето во кревет ќе биде поинтензивно од кога било досега, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле со истражување на сопственото тело.

извор: кајгана