Љубов и Секс

Партнерот ја запросил со прстен од сопствената коса, луѓето останале шокирани од нејзината реакција

Партнерот ја запросил со прстен од сопствената коса, луѓето останале шокирани од нејзината реакција

Откако го изговорила судбоносното “да”, една девојка на социјалните мрежи се пофалила со фотографија од прстенот со кој ја запросил нејзиниот иден сопруг.

Тој сам го направил прстенот, и тоа од прамени од сопствената коса, што во потполност ја воодушевило девојката, пишува “The Sun”.

“Среќен петок! Моето момче сега стана мој вереник. Ме запроси со прстен од сопствената коса, ова е само привремено додека не се изработи вистинскиот прстен”, напишала таа покрај фотографијата од раката на која го покажува својот прстен од коса.

Фотографијата набрзо се појавила и во групата “That’s It, I’m Ring Shaming” каде покренала расправа помеѓу членовите и ги поделила мислењата.

“Без оглед на тоа колку го сакам моето момче, мислам дека никогаш не би ја носела неговата коса намотана околу прстот”, напишала една девојка, додека друга додала дека изгледа како да извлекла влакна од одвод и сама ги намотала околу прстот.

“Ова е одвратно и брутално”, напишал еден маж, додавајќи дека потегот на нејзиното момче не е романтичен туку непријатен. Сепак, имало и такви кои овој гест го сметаат за симпатичен, особено бидејќи тој се потрудил неговата девојка по ова да добие веренички прстен по мерка.

извор: точка.мк