Љубов и Секс

Партнерот избегнува да води љубов со Вас – еве зошто…

Партнерот избегнува да води љубов со Вас – еве зошто…

Компанијата што произведува „вигајгра“ уште во 2000 година во анкета открила дека 59% од Италијанците се несигурни во однос на нивните сексуални преформанси, а 43% признале дека имаат потешкотии во сексот. Ова ги преплави магазините во светот, затоа што Италијанците ги биеше глас дека се самоуверени и неуморни љубовници.

Колку повеќе сака сексот да биде одличен, толку повеќе го избегнува
Можеби се грижи за тоа дали пенисот му е доволно голем, а за време на сексот нема да може да го чува сокриен. Затоа е несигурен, па избегнува контакт. Можеби се грижи дека неговиот „алат” нема да работи кога ќе му биде најпотребен. Или ќе работи премногу добро, па ќе доживее оргазам пребрзо.

Дискретно се надева дека вие ќе го преземете водството
Тоа нема да ви го признае, но тој сигурно се надева дека ќе ја преземете контролата. Од друга страна, друштвото го навикнало дека мора да биде лидер, па тоа баш и не му се допаѓа.

Многу би сакал да ви каже „не”
Сигурно се случило само да сака да се милувате, или да гледа филм, да игра видео игра, а глупаво му е тоа да ви го каже… Сепак, од мажите се очекува да бидат подготвени секогаш и секаде, без оглед на сè. Што порано му дадете до знаење дека и тој е човечко суштество, а не секс машина, толку побрзо ќе се отпушти.

извор:попара.мк