Љубов и Секс

Овој тип на жени најбрзо им здосадуваат на мажите

Овој тип на жени најбрзо им здосадуваат на мажите

Во врската ви оди совршено, поминувате чудесни заеднички моменти, но одеднаш вашите романтични средби стануваат сè поретки, а вие не знаете зошто.

И ова не е првпат да доживеете вакво непријатно искуство, во моментите кога сте мислеле дека вашите врски се стабилни.

Вие сте сосема нормална личност, симпатична жена, паметна и независна. Тогаш каква е причината за овие негативни промени? Психолозите тврдат дека во повеќето случаи проблемот се самите жени, а еве на што поконкретно се однесува:

1. Премногу бара

Постојано добива комплименти, дека е добра, убава, паметна, дека има совршена фигура и прекрасни очи. Таа толку многу се цени самата себе, при што има високи барања од својот партнер. Овој тип на жена смета дека нејзините грешки не се ништо сериозно, а воедно дека секоја нејзина желба или каприц мора да биде исполнет. Ваквото однесување целосно го одбива секој маж.

2. Целосно зависна

Таа себеси не се смета за убавица и има многу комплекси во однос на нејзиниот надворшен изглед. Оваа дама е спремна да направи сè за оној кој й посветил доволно внимание.

Штом ќе открие дека некој е заинтересиран за неа, овој тип на жена започнува да фантазира премногу. Се чувствува благодарна бидејќи мажот ја води на вечера и на овој начин, ја извлекува од монотоното седење дома пред телевизор. Но, истовремено, тогаш таа започнува да живее за него и за неговите интереси, комплетно заборавајќи на своите желби и живот.

На мажите многу брзо им здосадува да глумат владетели, од кои секогаш се очекува да преземат иницијатива. Мажите сакаат до себе да видат независна дама, наместо жена без сопствени интереси и социјален живот.

3. Проблематична

Овој тип на жена е целосно фокусирана на проблемите во животот, до тој степен што проблемите и неуспесите се нејзина главна тема на разговор. Оваа жена на својот партнер му ги раскажува буквално сите детали од поминатиот ден, раскажува за нејзините женски проблеми, за кои мажот не е потребно толку да знае.

Во крајна сметка, ваквата проблематична жена многу брзо му здосадува на мажот, бидејќи моментите поминати со неа не се позитивни и исполнети со радост, туку со целосна негативна енергија.

Што предлагаат психолозите?

  1. Имајте свој став и не дозволувајте мажот да мисли дека ве покорил.
    Ценете се самите себе и негувајте ја вашата самодоверба.
    Дајте му простор на вашиот партнер сам да се загрижи за вас.
    Во ниту еден случај не откривајте пред вашиот партнер дека имате ваши замисли и планови за иднината поврзани со него, доколку сте на почеток на врска.
    Не ги споделувајте сите работи, оставете простор самиот да ви се јави и да се заинтересира.

извор:нане.мк