Љубов и Секс

Овој фактор во љубовната врска или бракот е поважен и од љубовта

Овој фактор во љубовната врска или бракот е поважен и од љубовта

Љубовта е прекрасна, а врската исполнета со љубов особено на почетокот, во нашите животи носи смеа, среќа, страстни бакнежи.

Меѓутоа, постои фактор кој што гарантира долга и стабилна врска, а кој што понекогаш е поважен и од самата љубов. Станува збор за довербата.

Еднаш кога почетната заљубеност ќе се замени со сомнежи и стравови, работите може да станат многу грозни. За да не се случи тоа, важно е да изградите однос полн со доверба со вашиот партнер.

Факт е дека во врските влегуваме со одредена доза на резерва, сакале или не, но тоа е така. Без оглед дали станува збор за некаква траума од детството или пак неверство од претходната врска, нашето минато на тој начин влијае на нашите односи во иднина.

Затоа с’ржта на секој однос е токму довербата. Таа е клучна за успех и задоволство во врската, но истовремено е и многу кршлива. Еднаш кога ќе се изгуби, тешко е да се стекне повторно.

Што подразбира довербата?
Довербата значи дека верувате во вашиот партнер и дека сакате само добри работи да ви се случуваат заедно, но и засебно. Покрај него се чувствувате емоционално и физички сигурно, баш како и тој со вас.

Довербата значи дека во врската треба да има почит, предаденост и искреност. Ветувањата треба секогаш да ги исполнувате, но исто така меѓусебно и да се поддржувате.

Од друга страна довербата значи и разбирање на вашиот партнер и подготвеност да му простите доколку прекрши некој договор или ветување. Во здрава врска двајцата партнери треба да бидат полни со доверба – стравот не може да функционира еднострано.

извор:супермен/точка.ком.мк