Љубов и Секс

Овие три работи откриваат каков е мажот во кревет

Овие три работи откриваат каков е мажот во кревет

Како јаде

Дали вашиот маж ја јаде храната толку бргу како да е последниот оброк што ќе го вкуси, или пак споро? Ако јаде пребргу тоа значи и дека бара брзо задоволство, па таков е и во креветот. Ако е гастроном, ако ужива во храната и го остава најдоброто парче за крај, значи дека бара долго задоволство кое трае. Таквиот маж има и подобра техника во креветот и ќе биде многу посензуален под покривката. Кога некој е премногу пребирлив во изборот на храна, тоа значи дека нема да сака многу да експериментира во креветот.

Како говори

Честопати по висината и бојата на гласот одлучуваме дали некој е секси или не. Колку е подлабок машкиот глас, толку има поголема моќ над жената. Ритамот на говорот е важен во одредувањето на тоа дали некој е секси или не. Брзиот начин на говор најчесто остава впечаток дека станува збор за личност која има некоординирано движење. Таквите мажи едноставно не може да замислите дека се добри во креветот, каде што координацијата и ритамот се важни.

Како допира

Сите парови поминуваат низ фазата на први допири на првите состаноци. За да го разоткриете обрнете внимание на тоа како ве допира. Постојат многу сигнали на кои мора да обрнете внимание кога ја запознавате личноста која ви се допаѓа. Обидете се полека да го допрете по рака или колено и почекајте да ви возврати со иста мера или на сличен начин. Ако мажот почне пребргу да ве допира, тоа е лош знак. Тоа честопати значи дека е малку себичен, дека сака да биде главен и дека нема да ги слуша вашите желби во креветот.

извор:среќа.мк