Љубов и Секс

Овие три хороскопски знаци не поднесуваат апстиненција

Овие три хороскопски знаци не поднесуваат апстиненција

Секој хороскопски знак има некоја карактеристика која е поизразена отколку кај другите знаци. Некои знаци на Зодијакот се поемотивни од останатите, некои се попрагматични, а некои не поднесуваат апстиненција во сексот.

Недостатокот од секс и интимност најтешко го поднесуваат Близнаците, Шкорпиите и Стрелците. Тешко опстојуваат и без бакнувања, нежност како и без мастурбација.

Близнаци
Близнаците брзо ја губат самоконтролата. Тие се паметни и љубопитни, а тие особини ги пренесуваат и во кревет. Сакаат да флертуваат, сакаат “валкани” разговори и играње улоги во сексот. Нивниот сексуален апетит не е едноставен за задоволување.

Шкорпија
Припадниците на овој хороскопски знак најтешко ја издржуваат апстиненцијата од сексот. Шкорпиите го обожуваат “забранетото овошје”. Тој е сексуален знак и е вистински заводник бидејќи со него владее Плутон. Шкорпијата е страсна, а тоа го очекува и од својот партнер.

Стрелец
Стрелецот обожува да се препушта на моментот. Тие се спонтани и забавни, а најмногу страсни. Самостојни се и склони кон тоа да играат по свои правила. Доколку почувствуваат привлечност, тогаш лесно се препуштаат и не размислуваат двапати. Покрај Стрелецот, секој ден е забавен, а сака новитети како во животот така и во креветот.

извор:точка.ком.мк