Љубов и Секс

Овие намирници гарантираат успех во креветот

Овие намирници гарантираат успех во креветот

Нашето либидо може да варира од високо до многу ниско, како последица на вишокот или недостатокот на одредени материи во мозокот. Експертите советуваат јадење на одредени намирници кои можат да ја зголемат сексуалната желба и да го подобрат сексуалниот живот.

Ако имате ниско либидо, поголеми се шансите да имате и ниско ниво на допамин. Во тој случај може да ви помогне храна богата со протеини.

Ако не можете да се опуштите веројатно е поради тоа што на вашиот мозок му недостасува ацетилхолин. Во тој случај, јадете мешунки, јајца и интегрални житарици.

Ако сте нервозни за време на сексот и не можете да доживеете оргазам ви недостасува гама-аминобутирична киселина. Јадете повеќе интегрални житарици и храна богата со влакна за да ја повратите рамнотежата.

За подобар секс јадете и јаболки, кои содржат фенилетиламин, молекула која ви пружа природно чувство на возбудување. Црна чоколада и сирење, исто така, припаѓаат на намирниците кои се богати со фенилетиламин.

Авокадото содржи витамин Б6, кој на мажите можат да им помогнат да го зголемат нивото на тестостерон и калциум, а кој притоа ја регулира штитната жлезда.

Јаткастото овошје, исто така, се вбројува во храна за добар секс, бидејќи содржи есенцијални масни киселини. Особено се советуваат бадемите, кои будат страст кај жените.

Рибата содржи омега-3 масни киселини, кои го подобруваат протокот на крвта и со самото тоа и сексуалното уживање.

извор: Курир.мк