Љубов и Секс

Ова не е „квалитетно“ водење љубов и еден ден ќе ви ја уништи врската

Ова не е „квалитетно“ водење љубов и еден ден ќе ви ја уништи врската

Луѓето кои не се задоволни од својот сексуален живот знаат да бидат депресивни и разочарани. Со цел да го избегнете ова еве кои работи во никој случај не смеете да ги правите:

За добар секс пресудна е обострана хемија и страст помеѓу партнерите. Иако оваа формула изгледа како мошне едноставна, сепак постојат и некои фактори кои знаат да ја упропастат целата работа. Доколку се препознаете во некоја од наведените точки, под итно превземете ги работите во свои раце и направете веднаш промена.

Секс без страст

Ако сте и вие една од оние особи кои сексуалното уживање го мешаат со обврска која мора да се исполни со цел врската да биде успешна, а последниот оргазам сте го имале минатото лето, време е за промена. Проблемот не е во вас туку во начинот на кој пристапувате кон сексот.

Предиграта, заведувањето и сите оние работи кои ја разгоруваат страста постојат со причина и доколку сакате да стигнете до оргазам никако не смее да ги занемарувате.

Секс по распоред

Иако е добро да се биде организиран и да се води сметка и за најмалите детаљи, сексот никако не смее да се најде на вашата листа со обврски. Можеби е навистина тешко да се издвои време за романтично водење љубов со свеќи, но она што никако не смеете да го изгубите е спонтаноста. Спонтаниот секс е најстрасниот, а ако сакате повторно да доживеете експлозија на емоции и страсти, изненадете го својот партнер на што тој ќе ви биде многу благодарен.

Секс на екс

Сексот набрзина може да биде многу возбудлив и интересен, но ако вашиот сексуален однос редовно се сведува само на неколку минути време е да се запрашате – дали е тоа навистина се што можам да дадам или добијам?

Секс како рутина

После одредено време поминато со партнерот паровите веќе напамет знаат која положба или поза во сексот најмногу им одговара или на кој начин најлесно стигнуваат до оргазам. Иако тоа не е нешто лошо, тенка е границата помеѓу препознавање на потребите на партнерот и монотонијата.

Задржете ја својата рутина но задолжително одвреме на време правете отстапки со кои ќе ја разбиете воспоставената сексуална шема.

извор:попара.мк