Љубов и Секс

Ова е најромантичното место за запросување: Тука љубовта добива друго име

Ова е најромантичното место за запросување: Тука љубовта добива друго име

Иако Париз многумина го нарекуваат “градот на љубовта”, не е најромантичната локација за запросување на светот.

Анкетата која ја спровела страницата за спојување на парови “Elite Singles” открила дека најдобрата дестинација за запросување се наоѓа во Италија, а станува збор за – Венеција.

Во текот на возење со гондола, на плоштадот Свети Марк, на еден од мостовите преку бројни канали или на шеталиште со зајдисонце во позадина… се само некои од бројните романтични места на кои во Венеција мажите клекнуваат на колена и ги запросуваат своите партнерки.

Што се однесува до останатите локации за запросување, на второто место е Париз, а потоа следуваат Хаваи, Бахами и Фиџи. Интересно е тоа што на шестото место за најромантично за запросување е всушност сопствениот дом, а потоа следат Бали, Њујорк, Нијагарините водопади и Сиднеј.

извор:точка.ком.мк