Љубов и Секс

Откријте ја тајната на среќниот брак

Откријте ја тајната на среќниот брак

Нашата редакција ви дава неколку совети како да го направите подобар односот со партнерот, а со самото тоа и да ја зголемите среќата во семејството:

  1. Бидете искрени кон својот партнер
    Не зборувајте работи, кои мислите дека партнерот сака да ги слушне. Тоа е само начин проблемите да се закопаат уште подлабоко, наместо да се отстранат.

  2. Не се плашете од својата ранливост
    Не го идеализирајте односот и не се трудете секогаш да бидете силни. Ако постојат проблеми тоа нема да ги реши.

  3. Решете ги проблемите пред да биде доцна
    Во секое семејство постојат проблеми, важно е на време да ги препознаете и да ги решите.

  4. Покажете благодарност
    Бидете благодарни за малите нешта. Нека тоа ви стане семејна традиција. Среќни не се оние кои имаат многу, туку оние на кои малку им е потребно за да бидат радосни.

  5. Антистрес терапија
    Без оглед на тоа дали станува збор за вашиот омилен спорт, читање добра книга или само одмор во мир и тишина, секогаш потрудете се да пронајдете време за решавање на стресот насобран на работното место.

  6. Не трошете време на непотребни работи
    Некои работи едноставно мора да ги пуштите да одат по својот тек, наместо на нив да трошите скапоцено време и енергија.

  7. Одвоете се од вашиот мобилен телефон
    Времето посветено на партнерот и семејството нека биде време без мобилни телефони, мејлови и повици.

  8. Финансиска соработка
    Договорете со партнерот колкав дел од приходот двајцата ќе одвојувате за трошоците за живот, но оставете си и пари на страна за да си дозволите себе си мали женски задоволства.

  9. Не го заборавајте датумот на вашата годишнина
    Дури и по 50 години брак важно е да не заборавате датуми. Мал знак на внимание, бакнеж и прегратка ќе го направи денот посебен и без никакви подароци.

  10. Најдете заеднички активности
    Некои работи правете ги заедно, без разлика дали станува збор за гледање ТВ, одење во теретана, прошетка во природа или купување намирници.