Љубов и Секс

Откриена големата дилема: Што сакаат жените, а што мажите?

Откриена големата дилема: Што сакаат жените, а што мажите?

Мажите се плашат од интелигентни жени, посочува ново психолошко истражување на Економскиот факултет во Варшава, спроведено над 500 студенти кои прифатиле да учествуваат на така наречени „брзи состаноци“.

Целта на научниците била можноста да се предвиди дали на една личност би ѝ се допаднал некого во зависност од интелигенцијата или физичките одлики. Така, тие сметаат дека сега го нашле вистинскиот начин за тоа.

Што сакаат жените?

Физичката привлечност е релативна работа, и секој има свои критериуми за тоа. 3атоа, како дел од експериментот, испитаниците ги оценувале луѓето спроти себе од еден до 10. А, експериментот покажа дека жените не секогаш отфрлаат еден грд маж, ако тој покаже малку повеќе ум.

Жените сакаат да видат дали е некој паметен, и нивната одлука на крајот речиси еднакво зависи од интелигенцијата колку и од физичката привлечност. Маж со интелигенција оценета со 10 од 10, на пример, но со потпросечен изглед, има 30 отсто шанси таа да го повика повторно.

Кога мажите пак, бираат жена, таа треба да биде убава, а не мора да е и паметна.

Што сакаат мажите?

Истражувањата покажаа дека жените главно не се толку пребирливи како мажите. Кога мажот ќе ѝ даде на жената оценка четири за изглед и два за ум, тој е речиси сигурен дека нема да сака да ја види повторно, што не е случај кај жените.

Сепак, доколку оценката за изгледот е повисока, тој е сѐ поподготвен да каже „Да“, независно од интелигенцијата. Тоа би значело дека мажите многу повеќе го ценат физичкиот изглед на жената отколку умот.

Така, заклучокот е дека паметните жени честопати ги плашат мажите, оти овие пак, сметаат дека во такви услови, таа спроти нив ќе има превисоки очекувања, и дека тоа е лошо за машкото его.

Веројатно затоа жените понекогаш и ја подзаскриваат својата интелигенција во обид да му се допаднат на партнерот.