Љубов и Секс

„Откако се венчавме немаме секс. Тој има неверојатно оправдување, но еден ден сфатив сè“

„Откако се венчавме немаме секс. Тој има неверојатно оправдување, но еден ден сфатив сè“

Жена (40) не може да поднесе дека сопругот ја избегнува за секс, а тоа почнало да се случува непосредно откако стапиле во брак.

Во брак се веќе две години, а нејзиниот сопруг својата незаинтересираност за секс ја оправдува со богатите искуства во минатото, кои го ‘истрошиле’.

„Нашиот сексуален живот беше одличен пред венчавката. Сега вели дека не може да се возбуди, но забележав дека понекогаш се буди со ерекција. Двајцата сме во 40-те години. Го сакам, но не ми се допаѓа што пие и пуши. Постојано гледа филмови за возрасни, а јас копнеам за секс. Иако носам предизвикувачка долна облека и правам сè што можам за да го возбудам, тој ми вели дека се ‘истрошил’ со 100-на девојки со кои бил претходно“, се пожалила жената, а психологот за неа имал совет.

„Не наседнувај на тоа, бидејќи твојот сопруг само измислува оправдувања. Не се истрошил. Алкохолот и пушењето му пречат во неговите сексуални реакции и се закана за неговиот нагон. Губењето либидо многу веројатно е предупредување за потенцијално сериозен здравствен проблем. Исто така, филмовите за возрасни имаат негативно влијание на сексот во реалниот живот“, гласел одговорот од психологот.

извор: точка.мк