Љубов и Секс

Одвоени сте од партнерот поради коронавирусот? – еве како да ја разбудите страста на далечина

Одвоени сте од партнерот поради коронавирусот? – еве како да ја разбудите страста на далечина

Поради пандемијата од коронавирусот, цел свет мораше експресно да ги промени своите навики.

Се препорачува дистанцирање, а некои од нас веќе се приморани и на самоизолација.

Ако и вие сте едни од нив и сте оддалечени од љубовниот партнер, не се грижете. Постојат многу начини како да ја одржите љубовната искра, па дури и дополнително да ја разбудите страста на далечина.

Згора на тоа, благодарение на работите како телефонскиот секс, вашата врска може да стане уште посилна.

Можностите се безбројни. Ако сте нови во истражување на вакво водење љубов, можеби ќе ви биде полесно да комуницирате исклучиво со помош на слушалки. Пуштете ја фантазијата да ги земе работите во свои раце и опуштете се.

Не доживувајте сè пресериозно. Прашајте го партнерот што носи на себе и опишете му што носите вие. Опишете му и што правите, како се допирате и за што фантазирате.

Тие малку похрабрите можат да вклучат и камера.

Не заборавајте на секси долната облека која дополнително ќе ја распламени страста, дури и на далечина. Ова е идеална прилика да ги искориститe дури и онлајн купувањата, па можете да го вклучите и партнерот во изборот на предизвикувачката долна облека.

Испратете му фотографија од комплетот кој ви се допаѓа и прашајте го за совет. Верувајте, ова ќе му делува како предигра.

Уште една опција е и испраќање предизвикувачки фотографии. Можностите се неограничени. Дури и ако не сакате да се соблечете целосно, доволно е да ја наполните кадата, да направите сапуница и сето тоа да го фотографирајте. Вие похрабрите, знаете што да направите…

извор:точка.ком.мк