Љубов и Секс

Нова контрацепција за мажите: Заборавете на кондомите, пристигна новата контрацептивна пилула за мажи

Нова контрацепција за мажите: Заборавете на кондомите, пристигна новата контрацептивна пилула за мажи

Контрацептивните таблети не ја намалуваат сексуалната желба кај мажите

Пред неколку месеци, првата машка контрацептивна пилула беше тестирана, а потоа беше покажано дека кај повеќето тестирани мажи таа предизвикува депресија, го намалува либидото, ги зголемува акните, болката во мускулите и води кон чести промени во расположението.

Затоа беше спроведен уште еден тест на 83 мажи во период од еден месец и половина и овој пат тестирањето помина успешно.

Контрацептивната таблета не ја намалуваат сексуалната желба кај мажите. Позната е како “диметандролон ундеканоат” и се состои од масни киселини со долг синџир кои го забавуваат процесот на деградација. Затоа е доволно да се конзумира еднаш дневно.

Машките пилули функционираат исто како и пилулите за жени, што значи дека ја комбинира активноста на андрогени – машки хормони како тестостерон и прогестин. Резултатите покажаа дека се намалени нивоата на тестостерон кај мажите кои употребиле пилула од 400 мг, но само ако ја употребувате пилулата заедно со храната.

Секој од испитаниците добил мала тежина и забележан е низок степен на добар холестерол.

„Многу мажи се огласија и рекоа дека би сакале да земаат дневна пилула како реверзибилна контрацепција, а не долгорочни инјекции“, велат експертите.