Љубов и Секс

Ниту сосетката, ниту колешката: Со кого најчесто мажите изневеруваат?

Ниту сосетката, ниту колешката: Со кого најчесто мажите изневеруваат?

Веројатно претпоставувате… или можеби веќе знаете од лично искуство?

Голема меѓународна анкета во која учествувале 5.000 мажи и жени ги открила нивните сексуални навики, поточно таа открила со кого најчесто тие ги изневерувале своите партнери!

Дури 23,8% од мажите признале дека ги изневериле своите партнерки со некоја од нивните другарки! Како „олеснителна околност“ тие изјавиле дека развиле одредена блискостсо личноста, затоа што се познавале меѓусебно, а кога започнала аферата, ретко кој можел да се сомнева во нив…

На второ место, се најверојатно првоосомничените за вас – 22,4% од мажите ја изневериле својата партнерка со колешка од работа.

Истражувањето откри уште една тажна вистина: 30,9% од жените и 40,4% од мажите признале дека го изневериле партнерот барем еднаш, додека 49,9% не сакале да одговорат на прашањето со кого посакуваат да го изневерат својот партнер.

Интересно е што 3,9% од мажите признале дека имаат афера со некоја од роднините на нивната партнерка; од спиење со нејзината сестра, а во некои екстремни случаи дури и со нејзината мајка!

извор: Машкимагазин